Mücahit Aydemir
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
ТРИПОЛИ
Нелегалните вооружени сили, кои од источниот дел на Либија ги предводи Калифа Хафтар, уште еднаш го прекршија прогласеното примирје во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската војска, Мухамед Кунуну соопшти дека милитантите на Хафтар доцна синоќа извршиле артилериски напади врз позициите на силите лојални на Влада на национално единство на Либија која е призната од меѓународната заедница.
„Нападот со шест проектили Град се случи на западниот дел на Сирт. Тоа е второ кршење на примирјето од страна на Хафтар во изминатите 72 часа“, наведе Кунуну и најави дека либиската војска адекватно ќе одговори откако ќе ги утврди позициите од кои се извршени нападите.
Либискиот премиер Фајез ал Сараџ и челникот на Претставничкото собрание во Тобрук Акиле Салих на 21 август прогласија примирје во таа земја.
Договореното примирје предвидува демилитаризација на регионите Сирт и Џуфра, повторно започнување на производство и извоз на нафта, оддалечување на странските платеници од Либија и организирање на парламентарни избори до март наредната година.