Mahmut Geldi
02 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
БЕЈРУТ
Претседателот на Франција Емануел Макрон својата втора посета на Либан по експлозијата што се случи на пристаништето во Бејрут ја заврши со заканувачки зборови упатени кон претставниците на либанската власт, известува Агенција Анадолија (АА).
Макрон кој го посети Бејрут по повод 100-годишнината од ослободувањето на Либан одржа прес-конференција на која истакна дека со формирање на нова влада во рок од 15 дена, ќе може да се започне со финансиски и економски реформи во земјата.
Посочувајќи дека либанските политичари се согласни околу формирање на новата влада во кус период, Макрон со еден заповедничи тон изјави „Упатив барање до политичките претставници во кое инсистирав новата влада да биде формирана во период не подолг од 15 дена“.
Макрон рече дека либанската влада во период од 8 недели би можела да ги исполни дадените ветувања, при што со заканувачки тон го истакна следното:
„Доколку власта не направи никаков напредок до крајот на октомври, ние ќе ги преземеме последиците и казните. Нема да биде отворен патот кон финансиската помош од меѓународната заедница доколку либанските власти не направат ништо.“
Макрон рече дека претставниците на либанската власт го информирале дека освен во финансискиот и енергетскиот сектор, ќе им се посветат и на реформите на финансиската контрола и нелегална трговија на сметките на Централната банка.
Макрон истакна дека доколку либанските власти бидат вмешани во корупција, тогаш ќе биде побарано спроведување санкции.
На прашањето на еден новинар „Хезболах која е вооружена организација и Европската унија ја смета за терористичка организација, вие ја гледате како една политичка организација. Дали во Франција таков е пристапот кон една вооружена организација?“, Макрон одговори:
„Јас не зборувам за терористичката структура на Хезболах, туку за неговата политичка и парламентарна структура. Би можел да го осудам Хезболах и да кажам дека е потребно негово разоружување, но сосема е јасно дека Хезболах е една политичка сила застапена во либанскиот Парламент“.
Макрон информираше дека во рамките на дводневната посета имал одделни и групни средби со либанските политичари, додавајќи дека од Либан ќе замине во Багдад, главниот град на Ирак.
- Експлозија на пристаништето во Бејрут и оставка на владата
На 4 август на пристаништето во Бејрут дојде до експлозија на експлозивен материјал сместен во магацинот број 12, во кој претходно изби пожар. Претседателот Мишел Аун инфорираше дека причина за експлозијата на пристаништето во Бејрут биле 2.750 тони амониум нитрат кои 6 години биле чувани во магазин на пристаништето. Тој соопшти дека во експлозијата животот го загубиле 190 лица, повеќе од 6.000 лица се ранети, а некокумина се водат за исчезнати.
Поради настанатата експлозија и зголемениот број на обвинувања за небрежност, во земјата беа организирани протести со барање за казнување на одговорните. На 10 август, третиот ден од протестите, премиерот на Либан Хасан Дијаб поднесе оставка. Претседателот Аун на 31 август мандатот да формира нова влада му го предаде на Мустафа Едиб.