Erdoğan Çağatay Zontur
22 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ЈЕМЕН
Јеменската армија денеска соопшти дека запленила стратешки воени точки и убила четворица припадници на Хусите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Некои точки, вклучувајќи го и Џабал Мансур, беа заземени во нападите во северниот дел на гувернатот Ал Џавф“, изјави за АА, Раби ал Курејши, портпаролот на шестата воена зона.
„14 припадници на милицијата беа држени како заробеници“, додаде Курејши.
Хусите претходно беа распоредени на стратешките точки и ги користеа како бази за напади врз населбите и селата западно од гувернатот Мариб.
Јемен е упориште на судири и насилство од 2014 година, кога проиранското бунтовничко движење Хуси ја презеде контролата во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници почнаа да изведуваат воздушни напади против Хусите во Јемен, поддржувајќи ја просаудиската власт.
Од 2016 година досега загинаа повеќе од 70.000 лица, проценуваат Обединетите нации, а 14 милиони се соочуваат со екстремен глад.