Hakan Çopur
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
ЊУЈОРК (АА) - Њујоршката полиција соопшти дека 62-годишниот Френк Р. Џејмс се бара како осомничен во врска со нападот што се случи вчера на метростаницата во Бруклин, во кој беа повредени 23 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се истакнува дека доказите добиени од камионетот со кој пристигнал Џејмс, за кого се вели дека е Афроамериканец, се совпаѓаат со наодите пронајдени на местото на злосторството.
Полицијата наведе дека Џејмс е осомничен како лице кое го изнајмило камионетот, но не даде јасна изјава дали тоа е лицето кое го извршило нападот или станува збор за лице поврзано со напаѓачот.
Продолжувајќи ја потрагата по Џејмс, за кого се наведува дека има регистрирани адреси во Филаделфија и Висконсин, полицијата нагласи дека истрагата може да дојде до конкретна точка доколку осомничениот биде пронајден.
Од друга страна, додека бројот на повредени за кој претходно беше кажано дека изнесува 16, во последното соопштение е ажуриран на 23, и се додава дека 10 од овие лица се ранети со пиштол и нема лица кои се во животна опасност.
- Напад во метрото во Бруклин -
Оружен напад беше изведен вчера во метростаницата во њујоршкиот кварт Бруклин. Тогаш беше објавено дека во нападот се повредени 16 лица, од кои 10 со огнено оружје.
Во соопштенијата за нападот на њујоршката полиција, пожарникарската служба и гувернерката на Њујорк, Кети Кочул, се наведува дека според првичните сознанија, инцидентот не бил терористички инцидент.
Државните власти соопштија дека повредените се префрлени на лекување во две болници најблиску до регионот, при што некои од нив биле во тешка состојба.
Кичант Севел, комесарот на њујоршката полиција, изјави дека немаат докази за да се каже дека станува збор за терористички напад. Севел информира дека осомничениот, кој носел портокалов градежен елек и гас-маска, бил Афроамериканец и пукал по слободен избор кон патниците наоколу и на метростаницата.
Полициската управа на Њујорк, која подоцна ги сподели ажурираните информации, соопшти дека на местото на настанот нема активна експлозивна направа, но дека истрагата продолжува и јавноста треба да се држи подалеку од местото на настанот заради безбедност.
Американскиот претседател Џо Бајден својот прв коментар на оваа тема го даде за време на неговата посета на Ајова со изјавата: „Благодарни сме им на цивилите и на оние кои веднаш реагираа помагајќи им на патниците, не плашејќи се од истрелите од огненото оружје.“
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, во врска со нападот во Бруклин изјави дека на местото на нападот камерите не функционирале.