Mutlu Demirtaştan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во последната 20. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 која се одржа во Абу Даби победи пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова беше 1-2 победа на Мерцедес, бидејќи и второпласираниот во оваа трка е возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој шампионската титула на овогодинешното првенство во Формула 1 го обезбеди уште на Големата награда на Мексико. Патеката во Абу Даби е долга 5.554 метри, а пилотите извозеа 55круга.
Ботас со победата во Обединетите Арапски Емирати со време од 1 час, 34 минути, 14 секунди и 062 илјадити делови од секундата дојде до својата трета победа во кариерата.
Второпласираниот Хамилтон заостана 3секунди и 899 илјадити делов иод секундата, додека третопласиран е германецот Себастијан Фетел со заостанување од 19 секундки и 330 илјадити делови од секундата.
Својата последна трка во кариерата во Формула 1 ја извозе бразилецот Фелипе Маса (36) во тимот на Вилијамс. Маса во трката во Абу Даби го зазеда 10 место.
- Првите 6 пласирани
Првопласираните 6-мина во Големата награда на Абу Даби се:
1. Валтери Ботас (Mercedes)
2. Луис Хамилтон (Mercedes)
3. Себастијан Фетел (Ferrari)
4. КимиРаиконен (Ferrari)
5. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer)
6. Николас Хилкенберг (Renault)
- Пласман на пилоти и тимови
На крајот од сезоната, листата на најдобри пилоти и тимови според освоените поени изгледа вака:
Пилоти:
1. Луис Хамилтон - 363 поени
2. Себастијан Фетел - 317
3. Валтери Ботас - 305
4. Кими Раиконен - 205
5. Даниел Рикардо - 200
Тимови
1. Mercedes - 668 поени
2. Ferrari - 522
3. Red Bull - 368
4. Force India - 187
5. Williams - 83