Alma Dekovıc
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
МАНЧЕСТЕР
Манчестер сити мора повеќе да работи, подобро да игра и да се моли доколку сака да го намали заостанувањето во однос на првопласираниот Ливерпул, изјави менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимот на Јурген Клоп во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со 13 бода повеќе од второпласираниот Лестер сити и со еден натпревар помалку.
Актуелните шампиони на Англија по два пораза во последните пет натпревари се трети со 14 бода помалку од лидерот на табелата.
На прашањето што може да направи неговиот тим за да го намали заостанувањето зад Ливерпул, Гвардиола изјави: „Повеќе да работи, подобро да игра и да се моли.“
„Секогаш можеме да го правиме она што го умееме. Но постојат некои работи што не можеме да ги контролираме. Не можеме да го контролираме она што досега го направи фантастичниот тим како Ливерпул, а тука се и некои други работи над кои немаме контрола“, порача Гвардиола, пренесува „Би-би-си“ (BBC).
На прашањето дали тие „други работи“ се однесуваат на технологијата за видеоасистентот на судиите (VAR) и на повредените играчи, Гвардиола кратко изјави дека новинарите го знаат тоа.
„Мислам дека мојот тим е фантастичен. Го сакам. Имавме проблеми со повреди“, рече Гвардиола.