Doğa Kırmızıoğlu
11 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Поради коронавирусот (Ковид-19) е одложен натпреварот во англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал, што требаше да се одигра денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот требаше да се одигра вечерва на стадионот „Етихад“, но одложен е по објавата дека сопственикот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, е заразен со коронавирус и дека имал контакт со некои од играчите на Арсенал.
Наведено е дека ќе има задоцнувања на другите натпревари во Лигата поради неопходни мерки.
Во Лигата на Европа, Арсенал на 27 февруари на стадионот „Емирати“ беше домаќин на Олимпијакос, а Маринакис се ракуваше со играчите на Арсенал и со техничката делегација.