Islam Doğru
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
ЊУЈОРК
Легендарниот голф-играч Тајгер Вудс по сообраќајката што му се случи во Калифорнија, префрлен е во болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од локални извори се дознава дека Вудс со своето возило неколкупати се превртел додека се движел по булеварот „Хоторн“ во Лос Анџелес.
Спасувачките екипи што дошле на местото на несреќата вложиле голем напор за да го извлечат повредениот Вудс од возилото, по што го префрлиле во болница.
Не се споделени информации околу здравствената состојба на легендарниот голф-играч, но се истакнува дека неговото возило претрпело сериозни оштетувања.
Во тек е истрага за да се утврди дали друго возило е вмешано во оваа сообраќајна несреќа.