Kemal Karadağ
11 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, ги негираше тврдењата на некои медиуми за прогласување амнестија во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Немаме никакви планови за прогласување амнестија. Вестите во врска со ова не се точни”, напиша Боздаг на својот официјален Твитер профил.
Тој нагласи дека во медиумите се изнесуваат невистини во врска со наводната одлука која има тежина на закон, а којашто се однесува на прогласување амнестија.