ИСТАНБУЛ (АА) - Aеродромoт „Истанбул“ го доби признанието „Аеродром со 5 ѕвезди“ од страна на Меѓународната организација за истражување на летањето „Скајтракс“ (Skytrax) со седиште во Лондон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави ИГА (iGA), Аеродромот „Истанбул“, кој ја претставува портата на Турција кон светот, со наградите што ги освојува низ светот продолжува да биде гордост на турското воздухопловство. Аеродромот, кој благодарение на својата дигитална инфраструктура и технолошкиот развој неодамна беше прогласен за „Најдобар аеродром“ во категоријата „Дигитална трансформација“ во рамките на 16. Награди организирани од страна на Меѓународниот совет за аеродроми (ACI), меѓу своите награди додаде уште една нова.
Аеродромот „Истанбул“, кој од страна на лондонскиот Институт за авијација „Скајтракс“ е назначен како „Аеродром со 5 ѕвезди“, стана 8-от глобален центар за трансфер што ја освоил оваа титула.
Аеродромот, добитник и на наградата „Аеродром со 5 ѕвезди за превенција од Ковид-19“, која специјално е воведена во периодот на избувнувањето на Ковид-19, е четвртиот аеродром во светот добитник на оваа титула по Аеродромот „Фиумичино“ во Рим, Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Доха и Аеродромот „Ел Дорадо“ во Богота.
Пред наградата „Скајтракс“, Аеродромот „Истанбул“ е добитник на „Сертификат за аеродром во период на пандемија“ доделен од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, а потоа го потпиша „Протоколот за здравствена безбедност во воздухопловството од Ковид-19“ издаден од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA), а успеа да стане и првиот аеродром во светот што го доби сертификатот за „Здравствена акредитација на аеродром“ издаден од Меѓународниот совет за аеродроми.
- Аеродромот со најголем терминал, кој освои „5 ѕвезди“ -
„Скајтракс“ е меѓународна организација за истражување на воздушниот транспорт, која од 1989 година обезбедува услуги за квалитетна инспекција, рејтинг на ѕвездите и квалитетни одредници на аеродромите и авиокомпаниите.
По обемниот ангажман и деталниот процес на подготовка, следуваа 3-дневни интензивни теренски инспекции, по кои беше потврдена совршеноста на Аеродромот „Истанбул“ во искуството со патниците, и одобрени се „5 ѕвезди“ од страна на меѓународната институција.
Покрај тоа, Аеродромот „Истанбул“ успеа да стане и аеродром со најголем терминал во светот кој доби „5 ѕвезди“.
Инспекторите со сета чувствителност ја истражија удобноста на патниците и леснотијата за пристап до услугата што се нуди на сите точки на контакт, како што се паркинг, јавен превоз, веб-страница, мобилна апликација, безбедност/пасошка контрола, основни патнички услуги, продавници, услуги за храна и пијалаци, подигање багаж на Аеродромот „Истанбул“, кој е еден од најдобрите воздухопловни центри во светот со својата архитектура и технологија. Покрај детално оценетите 800 критериуми, беа оценети и мерките преземени против пандемијата.
Во инспекциите, при кои сеопфатно се оценува секоја точка што влијае на искуството во патничкиот транспорт, експертите детално ја испитаа секоја точка со која гостите се во допир, како што се основните услуги безбедност, чекирање, пасошка контрола, царина, чистење, подигање багаж, како и основните услуги места за јадење и пиење, трговски места и сали. При проверката на квалитетот, дополнително беа разгледани и мерките преземени во пандемијата. Добивајќи две важни награди како резултат на инспекциите од експертите на „Скајтракс“, потврдена е важноста на Аеродромот „Истанбул“ за одличното искуство на патниците.
- „Ситуација која ретко се среќава“ -
Главниот извршен и генерален директор на Аеродромот ИГА, Кадри Самсунлу, чие гледиште беше објавено во соопштението, потсети дека изминаа 2 години од отворањето на аеродромот и 1,5 година откако аеродромот започна да работи со полн капацитет.
Забележувајќи дека многу е ретка ситуацијата еден аеродром од страна на важен воздухопловен орган, како што е „Скајтракс“, да биде оценет како „Аеродром со 5 ѕвезди“ и „Аеродром со 5 ѕвезди за превенции од Ковид-19“, Самсунлу го даде следниот коментар:
„Со гордост можам да кажам дека како ИГА (İGA), ние успеавме да го постигнавме тоа на Аеродромот „Истанбул“. На нашиот аеродром создадовме култура ориентирана кон клиентите. Тоа ќе го унапредиме и забрзано продолжуваме со нашата работа во таа насока. Меѓу аеродромите кои се глобални центри за трансфер, ние сме 8-ми аеродромски центар во светот, кој доби „5 ѕвезди“ по Доха, Хонгконг, Минхен, Сеул Инчон, Шангај, Сингапур и Токио. Станавме четвртиот аеродром во светот што ја доби наградата „Аеродром со 5 ѕвезди за превенции од Ковид-19“ според мерките што се применуваат на аеродромите против Ковид-19. Ние сме втор аеродром во светот кој е носител на двете титули истовремено. Покрај сите други спецификации, Аеродромот „Истанбул“ има најголем терминал меѓу аеродромите кои освоија 5 ѕвезди.“
- „Со Аеродромот Истанбул прво го реализиравме сонот, а сега реалноста ја понесовме кон лидерство“ -
Самсунлу потсети дека непосредно пред овие важни награди доделени од „Скајтракс“, во рамките на 16. Европски награди организирани од страна на Меѓународниот совет за аеродроми (ACI), се избрани за „Најдобар аеродром“ во категоријата „Дигитална трансформација“.
Потенцирајќи дека овие вредни и престижни награди се доказ дека воздухопловните власти во светот, особено патниците, имаат доверба во ИГА (İGA) и во Аеродромот „Истанбул“, Самсунлу го изјави следното:
„Би сакал да потенцирам дека оние што ќе направат сигурни чекори без да се откажат од вредностите во кои веруваат, порано или подоцна ќе ги постигнат целите за кои сонуваат. И ние како ИГА, на Аеродромот „Истанбул“ првенствено го реализиравме сонот, а сега реалноста ја понесовме кон лидерство. Горди сме и среќни во име на нашата земја што постигнавме ваков успех. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои придонесоа за овој успех и на сите наши вработени. Со возбудата и ентузијазмот со кои почнавме уште од првиот ден ќе продолжиме во нашите напори, нашата земја, Аеродромот „Истанбул“ да го направиме најважен светски воздухопловен центар.“
- „Заслужен успех“ -
Едвард Плејстед, висок менаџер на „Скајтракс“, го изрази своето големо задоволство што Аеродромот „Истанбул“ се приклучи на престижните „Аеродроми со 5 ѕвезди“.
Плејстед, нагласувајќи дека ова е заслужен успех кој укажува дека Аеродромот „Истанбул“ ги исполнил високите стандарди, рече: „Истанбулскиот аеродром е извонредно инженерско достигнување кој го привлекува вниманието врз себе со терминалот со капацитет од 90 милиони патници изграден за 3,5 години. Патничките капацитети на овој голем аеродром се импресивни, а пристапот до подрачјата на различни терминали е лесен. Аеродромот „Истанбул“, исто така, е награден со 5 ѕвезди и според оценката за безбедноста на аеродромот во периодот на пандемијата на Ковид-19. Покрај оценувањето на преземените сеопфатни мерки од страна на аеродромот за намалување на ширењето на коронавирусот, се оценува и обезбедувањето на посебен тим за хигиена, кој треба да ја обезбеди имплементацијата на сите овие протоколи.“
news_share_descriptionsubscription_contact


