Halil Demir
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Во турскиот град Истанбул 20 лица ги загубија животите, а 34 се наоѓаат на интензивна нега поради консумирање фалсификуван алкохол, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, во последната недела во Истанбул голем број лица по потекло од Туркменистан се отруле поради консумирање фалсификуван алкохол.
Дваесет лица ги загубија животите, а од 60 лица испратени во болница, 34 лица се наоѓаат на интензивна нега, а 26 се отпуштени од болница.
Во тек е испрашувањето на 11 лица приведени во рамките на истрагата.
Се дознава дека лицата по потекло од Туркменистан чистиот алкохол познат како „шпиритус“ прво го мачкале по телото, а потоа го пиеле за заштита од болести.
Властите ги предупредија сите, првенствено странците од туркменско потекло, за опасноста од користење фалсификуван и чист алкохол.