Hatice Kesgin
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Турција денес нареди запленување на средствата во сопственост на 41 бизнисмен осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Истанбул нареди да им бидат замрзнати сите банкарски сметки, запленети возилата и другите средства што се во нивна сопственост, вели судски извор под услов на анонимност.
Судот во Истанбул ја започна истрагата на 16 август со цел да ја разјасни финансиската структура на ФЕТО во Акфа холдингот и неговите 44 компании.
41 лице, вклучувајќи и високопозициониран бизнис персонал, се задржани во притвор во рамките со истрагата.
Водачот на терористичката организација, Фетула Ѓулен, е обвинет од страна на Турција за организирање на обидот за државен удар преку неговите приврзаници.