Sezgin Pancar,Eren Bozkurt
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АДАНА (АА) – Покрај брегот на Караташ во Адана грчки танкер се судри со турски рибарски чамец, исчезнати се 5 лица од превртениот чамец, започната е операција за пребарување и спасување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Командата на Крајбрежната стража соопшти дека три брода на Крајбрежната стража и тим за нуркање се испратени во подрачјето по добивањето на информацијата дека се судриле грчи танкер и турски рибарски чамец и дека чамецот се превртел во 05:50 часот на оддалеченост од 15 милји од Караташ.
Започна операцијата за пребарување и спасување на 5 лица од чамецот кои се водат за исчезнати.