Behçet Alkan
24 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Во станот на Ертугрул О., осомничен за членство во терористичката организација ФЕТО, беа пронајдени неколку парчиња шверцувани историски предмети, соопшти турската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во станот на осомничен за членство во ФЕТО во градот Невшехир, турската полиција пронајде шверцувани историски предмети од неколку периоди, вклучувајќи ги римскиот, византискиот и отоманскиот период.
Во домот на Ертугрул О. се пронајдени стари монети, прстени и печат, а тој е уапсен.
Терористичка организација ФЕТО во 70-тите години од минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, во 80-тите години значително ги зајакна своите паралелни структури во рамките на овие институции за на крајот, на 15 јули минатата година да изврши неуспешен обид за воен удар, со цел да се сруши уставниот поредок и да се собори демократски избраната турска власт.
Под маската на добротворна работа и активности, ФЕТО дејствува во речиси сите делови на светот преку невладини организации, медиуми, образовни институции и слично.
Турција води обемна кампања за зајакнување на глобалната свест за заканата од ФЕТО, а целта е да се неутрализираат сите елементи на оваа организација во светот.
Според последните податоци, во 113 земји во светот има вкупно 688 училишта и образовни институции поврзани со терористичка организација ФЕТО.
Во Австралија има 15 такви училишта, во девет сојузни држави во Америка дејствуваат 150 училишта, во 36 земји во Африка вкупно 106 училишта, во 35 земји во Европа се активни 175 училишта, а во 32 земји од Азија работат 242 училишта.
На 2 февруари минатата година, турските власти побараа од САД да го укинат зелениот картон на Фетула Ѓулен, водачот на ФЕТО.
Претходно, поради лажно давање исказ, нему му беше поништен турскиот пасош. По јулскиот обид за воен удар, Турција од САД формално побара привремено апсење на Ѓулен.