Zehra Nur Düz
08 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Република Турција соопшти дека од 27 мај во операцијата „Канџа“ се неутрализирани вкупно 43 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството се вели дека исто така биле уништени и вкупно 74 засолништа и 53 рудници користени од терористите на ПКК во регионот Хакурк.
Турските вооружени сили на 27 мај ја покренаа операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.