Enes Kaplan
23 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ја прими делегацијата на децата по повод националниот турски празник Ден на суверенитетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Делгацијата на децата ја предводеше турскиот министер за образование Исмет Јилмаз. Ердоган ја прими делегацијата во Претседателската палата и тоа во салата во која заседава Советот за национална безбедност на Турција.
Откако децата ги заземаа своите места на кои седат членовите на Советот за национална безбедност на Турција, во својство на симболичен претседател им се обрати десетгодишниот Јигит Турк кој на претседателот Ердоган му се заблагодари на приемот и на сите деца на светот им го честиташе празникот.
„Ние, децата на денешнината сме идните наставници, лекари, претседатели, уметници и ноцители на други функции. Важно е да сме свесни на задачата утре во единство да ја презедеме одговорноста на светот на свој грб. Сакам од ова важно место да испратам порака на децата кои не се среќни, кои живеат во земјите во кои има војна и сиримаштво. Нашата татковина секогаш била сигурно засолниште на сите загрозени и обесправени, а и понатаму така ќе биде, бидејќи мирот и среќата се право на секое дете во светот", рече Турк.
Оддавајќи посебна почест на мачениците кои ги дале своите животи во одбрана на Турција, десетгодишниот Турк посебно ги поздрави децата на мачениците.
На присутните им се обрати и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека е почестен и со посетата на учениците, а потоа порача дека токму децата се иднина и гаранција на Турција и на целиот свет.
Истакнувајќи дека денеска во Турција е двоен празник Ден на суверенитетот и Ден на детето, Ердоган рече дека единствено во Турција на децата им се подарува национален празник, што е уште еден од показателите на суверенитетот на таа земја и нејзината грижа за најмладите.
„Учете и не дозволувате никогаш Вашите родители да воздивнат од незадоволство. Учете и слушајте ги учителите кои ве збогатуваат со знаење и ве подготвуваат за живот. Секогаш им говорев на децата, бакнувајте ги рацете само на три лица, на мајката, таткото и учителот. На никој друг не му бакнувајте рака", порача Ердоган.
Претходно, турските деца го посетија седиштето на турската влада каде премиерот Бинали Јилидирим исто така им ги остапи местата на кои седат министри.
Државниот празник на националниот суверенитет и ден на детето се слави на 23 април, на денот кога во 1920 година е отворено Големото Национално Собрание на Турција. Овој датум се празнува во присуство на децата од целиот свет.
На овој ден во 1924 година, беше одлучено дека денот на основањето на Големото Национално Собрание ќе се слави како државен празник.
Пет години подоцна, на 23 април 1929 година, овој празник е подарен на децата. Од 1929 година се прославува како Ден на националниот суверенитет, а во исто време и како Денот на децата.