Berk Özkan
01 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул го прими шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Ханије се состанаа во палатата „Вахдетин“ во Истанбул.
Откако на фоторепортерите им беше дозволено да го забележат почетокот на состанокот, разговорот продолжи зад затворени врати и сè уште трае.
Се претпоставува дека главна тема на разговорот помеѓу Ердоган и Ханије е наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, што се однесува на израелско-палестинското прашање.