Sibel Kurtoğlu
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека најголемиот број на гласови со да на утрешниот референдум во неговата земја, ќе биде најдобра лекција за Западот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција утре ќе ја даде една од најважните одлуки во својата историја. Ако даде Господ, во недела, сите заедно, без било каков притисок, со слободна волја ќе донесеме своја одлука. Задоволни сме од она што го покажуваат анкетите, но нека не не залажува тоа. Колку повеќе ќе имаме подобар резултат, толку е подобро за нас. Бидејќи најголемиот број гласови ‘да’ кои ќе излезат од гласачките кутии ќе биде најдобра лекција за Западот", порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обраќајќи им се на собраните граѓани во Истанбул.