Ekipa
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека пандемијата на новиот вид коронавирус која одзеде над 1 милион животи, е една од најголемите здравствени кризи на овој век, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган имаше обраќање на отворањето на Економскиот и бизнис-форум Турција - Африка, на кој учествуваше преку видеоконференција.
Осврнувајќи се на пандемијата и нејзините ефекти, Ердоган рече: „Оваа пандемија, која одзеде над 1 милион животи, е една од најголемите здравствени кризи на овој век.“
„Во периодот кога развиените земји од Западот влегоа во битка за маски, народите на Африка, за жал се оставени на нивната судбина против пандемијата“, додаде Ердоган.
Според него, Турција во текот на овој период позитивно одговорила на повикот за поддршка на 154 различни земји и 8 меѓународни организации.
„Чувствуваме голема жалост што досега од оваа болест се погодени околу 1,5 милиони наши африкански пријатели“, рече тој.
Во врска со односите меѓу Турција и африканските земји, Ердоган нагласи дека бројот на турските амбасадори низ овој континент го зголемиле од 12 на 42.
„Платформата на партнери во здравството меѓу Турција и Африка може да овозможи сеопфатна и постојана соработка во секторот“, додаде Ердоган.
- Нагорно Карабах е азербејџанско тло -
Турскиот претседател исто така говореше и за конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.
„Нагорно Карабах е азербејџанско тло кое околу 30 години е окупирано од страна на Ерменија“, рече Ердоган.
„Решавање на овој проблем кој е претворен во гангрена за 30 години поради некомпромисниот и разгален став на Ерменија, е ставање крај на окупацијата“, додаде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.