Erdoğan Çağatay Zontur
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ИЗМИР/АНКАРА/КОЊА (АА) - Обвинителите во Турција издадоа налози за приведување на 168 лица на национално ниво, кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во Измир издадоа налози за осомничените - 16 од нив заменици-комесари - под обвиненија дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“ и дека биле клиенти на банката „Асја“ (Asya), банка која е поврзана со ФЕТО“, вели еден од изворите, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Полициските рации за фаќање на осомничените беа започнати истовремено во 11 области“, додава изворот.
Обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 40 лица поради сомнежи дека ги давале прашањата за испит во 2011 година на кандидатите поврзани со ФЕТО.
Обвинителите на Анкара, исто така, побараа приведување на 70 вработени во копнените и морнарички сили - вклучително и седум лица активен персонал - откако беше утврдено дека тие периодично комуницирале со членовите на ФЕТО преку говорници. Досега се уапсени 26 осомничени лица во операциите извршени во осум области.
Во операциите со седиште во централната област Коња, седум лица беа уапсени откако обвинителите издадоа налог за апсење на 12 осомничени, поради сомнеж за нивна поврзаност со ФЕТО.
„Во одделна операција во југоисточната област Адана, 15 осомничени се приведени поради нивна поврзаност со ФЕТО“, соопштија безбедносни извори.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Припадниците на оваа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Претходно, првин во декември 2013 година, во правосудството на Турција, преку наместен процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во Турската војска, припадници на терористичката организација, започнаа обид за пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа и турските функционери.