Barış Gündoğan
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, се обрати пред седиштето на неговата партија во Анкара, по повторените избори за градоначалник на Истанбул, на кои, според неофицијалните резултати, победи кандидатот на ЏХП, Екрем Имамоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Киличдароглу нагласи дека Турција е горда со оние кои веруваат во демократијата, и дека целиот свет се гордее со Турција.
Тој нагласи дека побарале правда и дека целиот свет го чул нивниот глас.
„Бидете сигурни дека сите ние напишавме демократска сага. Граѓаните на оваа земја ја избраа демократијата, а не притисокот“, рече тој.
„Републиката сега ја крунисуваме со демократија, и тоа ќе го зајакнеме. Целиот свет го информиравме и ќе го информираме за нашата демократска одлучност“, додаде Киличдароглу.
Киличдароглу упати благодарност до сите, пред сѐ до приврзаниците на ЏХП, кои дале придонес, како што рече, во овој успех.
„Упатувам топла благодарност до моите браќа од АК Партијата, МХП, ХДП и Саадет, кои ни дадоа поддршка“, нагласи Киличдароглу, претседател на ЏХП.