Nilay Kar
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Наскро ќе бидат објавени официјалните резултати од повторените избори за градоначалник на Истанбул, соопшти челникот на турската Врховна изборна комисија (YSK) Сади Гувен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 65 отсто од гласовите, односно 19.910 избрирачки места официјално се прикажани во насшиот систем", изјави Гувен пред новинарите во Анкара.
Додаде дека 10.560.963 луѓе гласале на 31.342 гласачки места.
Гувен рече дека Врховната изборна комисија ќе го врачи сертификатот на кандидатот кој го заслужил, по завршувањето на целокупниот процес.
Неофицијалните податоци покажуваат дека 99,37 отсто од гласовите се пребројани и дека кандидатот на Републиканската народна партија (ЏХП) Екрем Имамоглу освои 54,03 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Бинали Јилдирим, од Партијата на правдата и развојот (АК Партија), освои 45,04 отсто од гласовите.