Etem Geylan
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитки до кандидатот на Рапубликанската народна партија за градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој според неофицијалните резултати, победи на повторените локални избори во Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Посакувам резултатите на повторените избори за градоначалник на Истанбул да бидат за доброто на Истанбул. Упатувам честитки до Екрем Имамоглу, кој според неофицијалните резултати, победи на изборите“, напиша Ердоган на социјалната мрежа Твитер.
„Како што беше и досега, и во наредниот процес нема да отстапиме од демократијата, владеењето на правото, како и од мирот, благосостојбата и стабилноста на нашата земја, а во рамки на принципите на Народната алијанса, во единство ќе чекориме кон нашите цели во 2023 година“, додаде турскиот претседател Ердоган.