Zülfiya Yakup
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска го посети езерото Газивода во општината Звечан, на северот на Косово, стратешкото место околу кое спорат Косово и Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тачи на Газивода рче дека станува збор за една нормална, рутинска, викенд посета на ова убаво место во Република Косово и регионот. Посетата на Тачи на Косово ја обезбедуваа припадниците на специјалните едници на Полицијата на Косово ЕОСУ, кои на Газивода беа од раните утрнински часови.
Косовскиот претседател во изјава за новинарите наведе дека емоциите биле посебни и дека неколку часа пловел по езерото Газивода, кое, како што нагласи е хидроенергетско и земјоделско богатство на Република Косово.
Одговарајќи на новинарско прашање каква порака им испраќа на Србите, со оглед на тоа што таму живее мнозинско српско население, Тачи рече дека некои граѓани Срби што ги сретнал случајно, му понудиле кафе кое го испил со нив, и пријателски разговарал не како претседател, туку како граѓанин со граѓанин.
„Јас како претседател на Косово им служам на сите граѓани на Косово, без оглед на нивната етничка припадност на секоја педа на Република Косово. Ми беше задоволство да испијам кафе со Србите од овој локалитет“, рече Тачи.
Исто така, порача дека Косово е независна, единствена и суверена држава, и дека дијалогот во Брисел ќе биде продолжен за мир, стабилност и за двострано признавање на Косово и Србија и за евроатланска перспектива.
Тачи Газивода го посети во време кога во Приштина, во организација на опозициското движење Самоопределување се одржува протест против неговиот предлог за корекција на границите со Србија.