Aynur Ekiz
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за последните случувања во Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателските извори, двајцата лидери за време на телефонскиот разговор се осврнаа на преместувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс) и настанатите тензии во регионот кои се случија откако палестинските демонстранти беа земени како цел за време на протестите во Газа.
Ердоган нагласи дека бруталните напади врз палестинските демонстранти пред очите на целиот свет се срамни. Тој сподели информации и околу вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка, кој е закажан за 18 мај во Истанбул.