Etem Geylan,Berk Özkan
06 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Ердоган и Путин разговарале за кризата во Либија, билатералните односи и за регионални теми.
Ердоган рече дека со голема тага ја проследиле информацијата за несреќата на подморницата која се случи во Баренцовото Море, и упати сочувство до рускиот народ и до семејствата на жртвите.