Buket Güven
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
АНКАРА
Последните 24 часа во Турција детектирани се 1.212 лица позитивни на Ковид-19, додека 24 лица ги загубија животите, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 4.974, а вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 188.897, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет страницата на турското Министерство за здравство и податоците што Министерот Фахретин Коџа ги постави на социјалната мрежа Твитер за „Дневната табела за коронавирусот во Турција“, се дознава дека денес се спроведени 41.413 тестирања на Ковид-19, детектирајќи 1.212 лица позитивни на вирусот. Последното деноноќие животот го загубија 24 лица заразени со Ковид-19, а оздравеа 1.293 заразени.
Досега во Турција се извршени 2.986.653 тестирања, детектирани се 188.897 лица позитивни на коронавирусот и регистрирани се 4.974 смртни случаи.
На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 846 лица, 345 се ставени на респираторни уреди, а досега оздравеле 161.533 заразени.
- „Вкупниот број на тестови се приближи кон 3 милиони“
Министерот за здравство на Турција Коџа на својот профин на Твитер ги објави последните податоци во врска со пандемијата на коронавирусот во земјата, наведувајќи „Во Измир 28, во Коџаели 10 и во Сакарја 3 лица се наоѓаат на интензивна нега. Вкупниот број на досега спроведени тестирања се приближува кон 3 милиони. Денес бројот на оздравени лица е поголем од бројот на лица кои се позитивни на коронавирусот, но таа разлика не е доволна за нашата борба против Ковид-19. Бројот на новозаразени треба да го намалиме со превентивни мерки“.