Muhammed Boztepe
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа седум терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК, во рамки на воздушната операција во подрачјата на Метина и Кандил кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак. Операцијата е реализирана во координација со операцијата „Канџа“, која е во тек во подрачјето на Хакурк во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, извршена е воздушна операција во подрачјата на Метина и Кандил во координација со операцијата „Канџа“.
Се вели дека во рамки на оваа операција погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје, а неутрализирани се и седум терористи на ПКК.