Турција

Турската хуманитарна фондација „ИХХ“ ископа повеќе од 6.700 бунари на глобално ниво

Турската хуманитарна фондација „ИХХ“ досега има ископано повеќе од 6.747 бунари во 36 земји во рамките на нејзиниот 18-годишен проект „Бунари за вода“

Merve Aydoğan  | 22.03.2018 - Обновена : 23.03.2018
Турската хуманитарна фондација „ИХХ“ ископа повеќе од 6.700 бунари на глобално ниво

Ankara

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна фондација „ИХХ“ досега има ископано повеќе од 6.747 бунари во 36 земји во рамките на нејзиниот 18-годишен проект „Бунари за вода“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, објавено со цел одбележување на Светскиот ден на водата, од фондацијата велат дека продолжуваат со своите напори да им обезбедат пристап до чиста вода на милиони лица кои страдаат од недостиг на вода, која ќе ги задоволи нивните потреби.

Проектот, кој беше започнат во 2000 година, продолжува до денешен ден низ континентите Африка, Азија и Блискиот Исток, каде што 3.373.000 лица се снабдуваат со вода од вакви бунари.

Според Извештајот на ОН подготвен во 2017 година заедно со УНИЦЕФ, 2,1 милијарди лица низ светот немаат пристап до чиста вода, а 3 од 10 лица низ светот немаат чиста вода во своите домови.

Секоја година, 502.000 лица ги губат своите животи поради заболувања како последица на дијареја, предизвикана од загадена вода и недоволни санитарни услови, се вели во Извештајот.

Понатаму, во соопштението се додава дека „4,5 милијарди лица имаат недостиг на санитарни и хигиенски услуги.“

Со бунарите кои ИХХ ги ископа, локалното население не само што има пристап до чиста и питка вода туку е во можност да ја користи водата и за своите земјоделски активности, но и да генерира приходи.

Бунарите, кои се важен фактор во спречувањето на недостатокот на храна и вода, исто така, создаваат мост меѓу срцата на локалното население и донаторите на бунарите.

Бунарите се наречени според донаторите, всушност, поголемиот дел од бунарите носат имиња на настраданите лица во неуспешниот обид за државен удар во Турција, како и од лицата настрадани за време на операцијата „Маслинова гранка“.

Меѓу земјите во кои фондацијата „ИХХ“ ископа бунари, се: Етиопија, Сомалија, Нигер, Судан, Камерун, Кенија, Индија, Бангладеш, Авганистан, Шри Ланка, Палестина, Ирак и Либан.

Оние кои сакаат да донираат за бунарите, можат да испратат порака на бројот 3072, која чини пет турски лири, или на бројот 4072, која чини 16 турски лири. Други начини за донирање се онлајн или преку трансфер на пари на банкарската сметка на ИХХ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.