Sena Güler
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Турските безбедносни сили притворија три лица на турско-грчката граница поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во северозападната област Едрене, турските сили на турската граница задржаа група луѓе, вклучувајќи деца, кои се обиделе илегално да влезат во Грција, истакна безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен.
Безбедносните сили истакнаа дека осомничените лица, меѓу кои и две жени, работеле во училиштата на ФЕТО и се товарат за користење на мобилната апликација за пораки, „ByLock“ (БајЛок), која е користена од страна на членовите на ФЕТО преку која комуницирале за време на неуспешниот обид за државен удар во Турција, минатата година.
Апликацијата „ByLock“ (БајЛок) беше пробиена од страна на турските безбедносни служби преку која идентификуваа десетици илјади поддржувачи на терористичката организација ФЕТО.
Децата кои се наоѓаа во групата ќе бидат предадени на нивните роднини.
Теорорстичката организација ФЕТО предводена од Фетула Ѓулен, е одговорна за минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО, исто така, стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.