Burcu Çalık
10 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ, кои во источниот дел на Еуфрат се обидуваат да формираат терористички коридор, криејќи се во зградите, училиштата и болниците, со минофрлачи ги напаѓаат населените места во Турција, при што има невини повредени цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција во врска со операцијата „Извор на мирот“ се истакнува:
„Терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ, кои во источниот дел на Еуфрат се обидуваат да формираат терористички коридор, криејќи се во зградите, училиштата и болниците, со минофрлачи ги напаѓаат населените места во Турција. При нападите со минофрлачи/ракети кон населбите на нашата земја, терористите на ПКК/ПЈД/ЈПГ, кои немаат никаква човечност, повредија невини цивили.“
Со соопштението исто така споделени се и фотографии од нападите врз населбите.