Турција

Турското МНР изрази сочувство за загинатите во пожарот што избувна во Кочани

Во писменото соопштение на турското МНР се изразува длабока тага за загубата на животи во пожарот што избувна за време на концерт во Кочани

Gökhan Çeliker  | 16.03.2025 - Обновена : 16.03.2025
Турското МНР изрази сочувство за загинатите во пожарот што избувна во Кочани

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Туркије изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот и до народот во земјата, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското МНР, во кое се изразува длабока тага за загубата на животи во пожарот што избувна за време на концерт во Кочани, се вели:

„Изразуваме сочувство до роднините на загинатите и до народот во Северна Македонија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.“

Во соопштението се наведува дека животот го загубиле 59 лица во трагичен пожар што избувна во дискотека во Кочани, град во источниот дел на Северна Македонија.

Во продолжение се вели дека во пожарот се повредени 155 лица што се пренесени во болниците во главниот град Скопје и во други околни градови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın