Burak Dağ, Ahmet Gençtürk, Rabia İclal Turan
16 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Според објавените официјални податоци, по започнувањето на кампањата за масовна имунизација во јануари, Турција има аплицирано повеќе од 103,5 милиони дози од вакцините против коронавирусот, јавува Агениција Анадолија (АА).
„Над 52,1 милион луѓе ги примиле првите дози, додека повеќе од 41,1 милион се целосно вакцинирани“, соопшти Министерството за здравство.
Податоците покажаа дека 84,02 отсто од возрасната популација во земјата примиле барем една доза од вакцината против коронавирусот.
Турција исто така аплицира и трета доза од вакцината против Ковид-19, на над 9,6 милиони лица.
Одделно, Министерството објави над 28.000 нови случаи на заразување со коронавирусот, додека уште 248 луѓе ја загубиле борбата против вирусот во последните 24 часа.
Околу 341.000 тестови за вирусот беа извршени во текот на изминатиот ден.
Минатата недела, училиштата во Турција се отворени и почнаа со работа. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека како дел од мерките против коронавирусот во јавните училиште ќе се прават ПЦР-тестови.
Објаснувајќи ја оваа практика во детали по вчерашниот онлајн состанок на Научниот советодавен одбор за коронавирусот, Коџа изјави дека за време на тестирањата кои ќе бидат извршени за скрининг, нема да бидат преземани никакви дејствија без согласност на родителите на учениците.
Тој изјави дека отворањето на училиштата за одржување на настава со физичко присуство е нивни врвен приоритет.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 4,65 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, со повеќе од 226,2 милиони случаи пријавени низ светот, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.