Ekipa
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ВАН (АА) - Турските национални планинари, со цел да го популаризираат спортското планинарење, се искачија на замрзнатиот водопад кој се наоѓа во Кањонот Мурадије во Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Ван пристигнаа четворица планинари, тројца Турци, Тунч Финдик, едниствен турски планинар кој е дел од светскиот проектот „Искачување 14 х 8000”, Доган Палут, Ќуршат Озтурк и италијанецот Гилберто Марленте.
Планинарскаста екипа пристигна во Кањонот Мурадије, оддалечен 85 километри од градот Ван, кој се наоѓа во источниот дел на Турција. Оваа планинарска екипа имаше за цел да изврши техничко искачување по мраз на водопадот во планината Ерек.
Турскиот планинар Финдик за АА изјави дека регионот на Ван изобилува со географски специфичности, и од тој аспект подрачјето е од големо значење за планинарите и алпинистите.
Финдик, посетувајќи дека и порано доаѓал да се искачува до голем број коти во регионот, изјави дека локалното население е одличен домаќин и во голема мера им ги олеснува подготовките.
Тој истакна дека природните убавини на градот Ван не се доволно презентирани и додаде: „Сметам дека е потребно во регионов да се преземат поголеми активности по прашањето на планинарење и алпинизам. Постојат места кои воопшто не се откриени. Нивното претставување претставува вистинско задоволство. Турција има многу убава географска структура. Потребно е луѓето да се запознаат со овие убавини, за да ги посетат и да уживаат во нив. Можно е да се привлече вниманието и на спортските планинари. Затоа треба овие убавини да ѝ се презентираат на јавноста”.
Планинарот Доган Палут изјави дека градот Ван има голем број природни и туристички локалитети, но дека замрзнатиот водопад има посебно значење.
Палут рече дека градот Ван поседува голем број уникатни вредности. „Искачувањето по замрзнатиот водопад за нас претставува нешто ново. И локалните планинари денеска за првпат ќе се искачат по него. Овие активности можат да го зголемат интересот за спортот во природа во регионот”, рече Палут.