Sarp Özer
04 Септември 2017•Ажурирај: 05 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во изминатата недела се неутрализирани 43 терористи, односно 27 се убиени, шестмина заробени, а десет се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека се фатени 285 лица за кои постојат сомневања дека се поврзани со терористичките организации или им помагаат.
За време на борбата против трговијата со дрога и криумчаење, приведени се 2.903 лица.
Во акциите против тероризмот извршени во Турција, запленет е дрон,16 парчиња оружје, од кои 13 од голем калибар, девет рачни бомби и поголема количина муниција. Уништени се и девет засолништа што ги користеле терористите.
Во акциите во земјата учествуваа 25.601 припадник на безбедносните сили. Користени се пет воздушни, четири поморски средства и 55 специјално обучени кучиња.