Esra Kaymak
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за правда поднесе барања за испорачување на 28 осомничени членови на терористичката организација ФЕТО кои живеат во 16 земји, како и лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен и други високи фигури, вели судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Лидерот на терористичката организација ФЕТО стои зад неуспешниот обид за државен удар што се случи на 15 јули минатата година во Турција.
Во неуспешниот обид за пуч загинаа 248 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
Од 19 јули 2016 година, Турција официјално поднесе барање до САД за испорачување на лидерот Ѓулен.

Турција исто така од САД бара и да го испорачаат Емре Услу, поранешен полициски службеник од ФЕТО и колумнист обвинет за шпионажа, членство во вооружената терористичка организација и за обид за соборување на турската власт.
Иако Турција пред неколку месеци испрати докази за да се поддржи испорачувањето на Ѓулен и на Услу, Вашингтон вели дека сѐ уште ги разгледува документите.
Без да ги соопштат имињата на 28-те осомничени членови на ФЕТО, официјалните лица од Одделот за меѓународно право и надворешни работи при Министерството за правда, за АА изјавија дека се подготвени и дека од јули минатата година испратиле вкупно 31 барање во 16 земји за испорачување на тие лица.
Турција бара да бидат испорачани по двајца осомничени лица од земјите Мозамбик, Казахстан и Романија.
Анкара исто така бара и да се испорачаат осомничените од Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Мароко, Јужна Африка, Холандија, Киргистан, Турска Република Северен Кипар и од Полска.
- Случаи од висок профил
Минатиот септември, Анкара ги повика германските власти да ги пронајдат, да ги уапсат и да ги предадат двете осомничени лица, високи фигури во ФЕТО, поранешните обвинители Зекериија Оз и Џелал Кара, кои ја напуштија Турција во 2013 година.
Оз и Кара играа клучна улога во контроверзната антикорупциска истрага кон крајот на 2013 година, која се однесува на високи политички фигури во Турција. Подоцна, тие беа осомничени за фабрикување на доказот како дел од обидот за соборување на владата.
Се мисли дека двајцата осомничени сѐ уште се во Германија.
Анкара поднесе барање и до Грција за испорака на осомничените поранешни турски војници кои ја напуштија Грција по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули минатата година.