Fırat Taşdemir
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
АНКАРА
Турските сили фатија тројца припадници на терористичката организација ФЕТО кои преку граничниот премин во турската област Едрене се обиделе да избегаат кон Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите гранични сили фатија три лица при обид за бегство од различни точки на граничната линија во Едрене кон Грција“, се вели во соопштението.
Во соопштението се нагласува дека по извршените истражувања, откриено е дека овие лица се лица за кои има досие дека се припадници на терористичката организација ФЕТО и дека биле исклучени од јавна функција.