Tevfik Durul
28 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, најостро го осуди терористичкиот напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој животот го изгубија најмалку 61 лице, меѓу кои и двајца турски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу нападот изведен со камион бомба го нарече подмолен терористички чин и упати порака со сочувство до семејствата на загинатите, вклучувајќи ги и семејствата на двајцата турски државјани кои се меѓу жртвите.
„Турција секогаш ќе биде покрај братска Сомалија. Ја продолжуваме одлучната борба против тероризмот“, порача турскиот шеф на дипломатијата.