Cüneyt Karadağ
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Од Германија очекуваме поголема солидарност во борбата против тероризмот, но не ја гледаме, изјави во Берлин претседателот на Комисијата за човекови права на Големото народно собрание на Турција (TBMM), Мустафа Јенероглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Јенероглу, во амбасадата на Реублика Турција во Берлин, повторно зборуваше за ставот на медиумите и Германија кога станува збор за Турција, но и за терористичката организација ФЕТО, чии припадници на 15 јули се обидоа да извршат државен удар во Турција.
Претседателот на комисијата потсети дека ФЕТО не е закана само за националната безбедност на Турција туку и за цела Европа и другите земји.
Германија сигурно пристаниште за ПКК
Според неговите зборови терористичката организација ПКК, Германија ја користи за добивање регрути за организацијата, и дека таа земја за ПКК е сигурно пристаниште, и оти сите овие податоци се дел од годишниот извештај на Канцеларијата за заштита на Уставот на Турција.
„Претставниците на ХДП заминуваат да изразат сочувство на семејствата на терористите на ПКК загинати во терористичките напади. Зошто барем еднаш не заминат да изразат сочувство на семејствата на загинатите херои. Ова не е видливо во германските медиуми, или не сакаат да биде видливо”, истакна Јенероглу.
Тој додаде дека во германскиот и Европскиот Парламент е организиран прием за споменатите претставници.
„ПКК е на листата на терористички организации во Германија, но нејзиниот огранок ЈПГ отвара претседателство во Берлин”, изјави Јенероглу.
Тој истакна дека германските судови имаат 4.000 случаи поврзани со ПКК, но дека само осум од нив се завршени со изречени пресуди.
„Од Германија очекуваме поголема солидарност во борбата против тероризмот, но не ја гледаме” , изјави Јенероглу.
Турција во Сирија ги штити и интересите на Европа
Мустафа Јенероглу изјави дека Турција има клучна улога за безбедноста на Европа и говореше за борбата против терористичката организација ДЕАШ.
„Турција прифати три милиони бегалци од Сирија. Договорот за реадмисија на бегалците ја спаси Европа од криза. Турција во Сирија ги штити интересите на Европа. И Турција од Европа очекува одлучна борба против тероризмот”, нагласи Јенероглу.
Тој зборувајќи за односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција изјави дека стратешка цел на Турција е полно членство во ЕУ и потсети на Договорот за реадмисија на бегалците.
„Според договорот, Европа до крајот на годината би требало да прифати 70.000 бегалци. Останаа уште 600 бегалци. Доколку не бидат исполнети овие одговорности, Турција договорот може да го прогласи за неважечки”, предупреди Јенероглу.
Тој за време на посетата на Берлин се состана со претставници на политичките партии во Германија, но и со претставници на одредени невладини организации.