Fatjon Cuka
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Со потврдување на 4 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните часови, бројот на заразени во Албанија се зголеми на 10 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија ги објави последните бројки, упатувајќи апел до граѓаните да ги избегнуваат затворените простории со голем број луѓе.
Заменик-министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Мира Ракацоли, во изјава за медиумите истакна дека досега во Институтот за јавно здравје биле тестирани 114 сомнителни случаи, од кои само 10 се позитивни.
„Болните лица се лекуваат. Мерките кои продолжуваме да ги преземаме за луѓето кои се сомнителни, се задржување под задолжителен карантин за лицата кои имале блиски контакти со оние кои се заразени и транспортери на болеста“, рече Ракацоли.
Таа упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на институциите, со препорака дека треба да се избегнат големите собири.