Bojana Stojanovic
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
БЕЛГРАД
Граѓаните повозрасни од 65 години од вторник, 21 април, ќе можат да одат три пати неделно, а полицискиот час ќе почнува од 18 часот, најави вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во телевизиско гостување, Вучиќ вечерва прецизираше дека повозразните граѓани од вторник, кога се завршува досега најдолгата забрана за движење во Србија, ќе можат во период од 18 часот до еден час по полноќ да ги изберат своите половина час за прошетка.
Вучиќ рече и дека полицискиот час ќе почнува од 18 часот, а не од 17 како што беше досега.
Исто така, претседателот на Србија најави и дека од вторник ќе можат да се отворат занатските дуќани, а подоцна и фризерските и козметичките салони и теретани.
Помеѓу 4 и 11 мај ќе бидат отворени и хотелите, бањите, трговските центри, меѓуградскиот сообраќај, аеродромскиот сообраќај, како и рестораните и кафулињата.
Претседателот на Србија ги повика и градежните работници од вторник да тргнат на работа.
Запрашан за тоа дали слабее коронавирусот во земјата, Вучиќ рече дека Војводина се „смирува", дека Белград е „се подобар", Ниш исто така „се смирува", но во околината на Ниш има проблеми.
Според податоците од денеска попладне, во Србија досега од последиците од коронавирусот (Ковид-19) починале 117 лица, а регистрирани се 5.994 заболени. Досега се излекувани 637 лица.