Vesna Besic
14 Октомври 2020•Ажурирано: 15 Октомври 2020
САРАЕВО
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на 27 и 28 октомври ќе престојува во официјална работна посета на Босна и Херцеговина, потврдено е за Агенција Анадолија (АА) од Министерството за надворешни работи на БиХ.
Во текот на посетата министерот за надвошрени работи на Русија Сергеј Лавров ќе се состане со претседавачот на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ и со членовите на Претседателството на БиХ; Милорад Додик и Жељко Комшиќ.
Исто така, министерот Лавров ќе се состане со заменик претседавачот на Претседателството на БиХ и министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, а ќе биде организиран и состанок на делегаците на Министерствата за надворешни работи на БиХ и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.