Admir Fazlagic
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Попладнево кај Солунска Глава се урна мал авион од типот Цесна П210Н, при што загинаа четири лица, бугарски државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава", информира вечерва на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија Тони Ангеловски.
Aгенцијата за цивилно воздухопловство соопшти дека се лоцирани остатоците од авионот, како и телата на четирите патници.
Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, информираат од Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ).