Балкан

Реализиран првиот директен лет Истанбул-Охрид

По повод пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид на „Onur Air“ (Онур Ер), денеска во Охрид се одржа промоција на новата авио-линија Истанбул-Охрид-Истанбул

Furkan Abdula  | 15.04.2018 - Обновена : 16.04.2018
Реализиран првиот директен лет Истанбул-Охрид Фото: Министерство за транспорт и врски на РМ

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По повод пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид на „Onur Air“ (Онур Ер), денеска во Охрид се одржа промоција на новата авио-линија Истанбул-Охрид-Истанбул, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија, на промоцијата на новата авио-линија Истанбул-Охрид-Истанбул во Охрид, присуствувал и министерот за транспорт и врски на Р.Македонија, Горан Сугарески.

Mинистерот Сугарески во своето обраќање ја потенцира заложбата на Владата на Р.Македонија во насока на развојот и унапредувањето на авиосообраќајот во државата.

Сугарески нагласи дека во следниот период Охридскиот аеродром ќе го промовираат како аеродром за нискобуџетни авиокомпании.

„Најпрво сакам да се заблагодарам на авиокомпанијата 'Onur Air', што Охрид и Република Македонија го избраa за дестинација и ги вметнаа во својата мапа на летови. Оваа линија е многу значајна за нас бидејќи дополнително ќе ги засилиме нашите врски со народот од Турција“, рече Сугарески.

Тој нагласи дека туристичкото и културното богатство на Охрид, Струга и останатите градови во Македонија се дополнителен мотив што повеќе турски граѓани да дојдат во Македонија и да се запознаат со традицијата.

„Ние како Влада, максимално сме посветени на унапредување на ависообраќајот во земјата и во регионот. Воспоставувањето на оваа линија е доказ дека Република Македонија е атрактивна за сите авиокомпании. Сакам да најавам дека во најскоро време ќе го објавиме и јавниот повик за финансиска поддршка за нискобуџетни компании, кои ќе понудат нови авиолинии, со што сметаме дека дополнително ќе овозможиме македонските граѓани да летаат по ниски цени кон многу метрополи“, додаде тој.

Министерот за транспорт и врски истакна дека Охридскиот аеродром ќе се промовира како аеродром за нискобуџетни авиокомпании, и дека градот Охрид и Охрискиот аеродром дополнително ќе го ставаат во функција, со цел да ги искористат неговите капацитети и да овозможат што повеќе туристи да ја посетат Македонија.

„Бројките на превезни патници секој месец растат, така што очекуваме и во наредниот период тој тренд дополнително да се зголемува со мерките што ги преземаме“, додаде министерот за транспорт и врски на Р Македонија, Горан Сугарески.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın