Furkan Abdula
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 19 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.364, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.435.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравни пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 148.872.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.057.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.456 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања.