Ekipa
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
ЉУБЉАНА (АА) - Пет умерени партии потпишаа договор за формирање Влада на Словенија на левиот центар, изоставувајќи ја од договорот десничарската партија која освои најмногу гласови на општите избори во јуни оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Партиите официјално потпишаа договор за коалиција, со што ќе се приклучат на малцинската Влада на премиерот Марјан Шарец, поранешен комичар кој се сврте кон политиката.
Партиите заедно имаат поддршка од 43 пратеници во Собранието кое има 90 членови, а исто така обезбедија поддршка на уште една левичарска партија за малцинската Влада која би требало да го преземе мандатот во средината на септември.
Аналитичарите предвидуваат дека таквата влада на Словенија ќе биде нестабилна.
Антимигрантската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша која победи на изборите одржани на 3 јуни, не успеа да добие поддршка за формирање владејачка коалиција во традиционално умерената Словенија.