Yusuf Özcan
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ПАРИЗ – Во Франција бројот на смртни случаи предизвикани до епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19 се зголеми на 21.340, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, на редовната дневна прес-конференција информираше дека во последните 24 часа потврдени се 1.827 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 183.268.
Истакнувајќи дека поради Ковид-19 во одделите за интензивна нега се наоѓаат 5.218 лица, Саломон рече дека во болниците се лекуваат вкупно 29.741 лице.
Тој додаде дека веќе две недели се намалува бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега поради Ковид-19.
Саломон, изјавувајќи дека 1.587 пациенти во текот на 24 часа го победиле коронавирусот, рече дека вкупниот број на излекувани пациенти во земјата е зголемен на 40.657.
Тој наведе дека во текот на изминатите 24 часа во болниците и старечките домови починале 544 луѓе, и дека бројот на починати во болниците е искачен на 13.236, а во старечките домови на 8.104 лица, додека вкупната бројка на 21.340.
Генералниот директор за здравство исто така посочи дека процесот на лекување на пушачите кои се заразени со Ковид-19 трае подолго.
Франција е 4. земја во светот која има над 20.000 смртни случаи од Ковид-19.