Muhammet Kurşun
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 229 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 229 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 14.634.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.625 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 278.828.
Според Лари, 3.589 од случаите се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 242.351 лица.
Лари нагласи дека во Иран досега направени се 2.201.958 тестирања за Ковид-19.
Претходно во Иран најголем број смртни случаи беа регистрирани на 5 јули, 163 лица, и на 9 јули 221 лице.