Bilal Güler
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА (АА) - Градот Техеран, главниот град на Иран, го препорача велосипедот како средство за превоз со цел да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската студентска новинска агенција, ИСНА, раководителот на единицата за транспорт и сообраќај во Општина Техеран, Јусуф Хуџет, истакна дека треба де се користат велосипедите со цел да се одржи социјалната дистанца и да се намали опасноста од зараза со Ковид-19.
„Возењето велосипед може да биде најдобриот личен метод за заштита од Ковид-19, затоа што велосипедистите автоматски одржуваат социјална дистанца“, нагласи Хуџет.
Иранскиот функционер, истакнувајќи дека употребата на велосипеди е здраво и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот, рече: „Во текот на деновите со коронавирус треба да се користи велосипедот за превоз низ градот.“
Ковид-19 во Иран за првпат беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири низ целата земја.
Според најновата изјава на иранското Министерство за здравство, како резултат на последиците од коронавирусот во земјата досега починаа 4.585 лица, а бројот на заболени се искачи на 73.303.