Dmitri Chirciu,Ali Cura
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија, во последните 24 часа 1.222 лица починаа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, а бројот на заразени се зголеми на 124.054, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за контрола и превенција на инфекции од коронавирусот во Русија, бројот на заболени од Ковид-19 достигна 124.054, со зголемување од 9.623 лица во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти во земјата се искачи на 15.013, од кои 1.793 лица во последните 24 часа.
Наведено е дека 46,6 проценти од новите случаи немале никакви симптоми, а дневната стапка на зголемување на бројот на заболени е 8,4 проценти.
- Бројот на случаи со Ковид-19 во Москва е над 60 илјади -
Во Москва, во последното деноноќие дијагностицирани се 5.358 нови случаи со коронавирусот, со што вкупната бројка се искачи на 62.658.
Руската служба за заштита на човековото здравје и права на потрошувачите информира дека приближно 214.000 луѓе се задржани за надзор и дека досега се извршени над 3.900.000 илјади.
- Бројот на случаи во руската армија и воените училишта достигна 2.795 -
Во изјавата дадена од руското Министерство за одбрана се истакнува дека во армијата се регистрирани вкупно 1.099 случаи со коронавирусот, со зголемување за 31 во последните 24 часа. Состојбата на 3 пациенти е критична.
Наведено е дека во армијата Ковид-19 е откриен кај 313 цивилни службеници, а во училиштата поврзани со Министерството за одбрана кај 1.383 ученици и наставници. Исто така, истакнато е дека повеќе од 150 лица се излекувани.
„Придржувањето кон правилата за изолација и солидарноста во мерките преземени од државата останува најважниот фактор во борбата против епидемијата“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на Русија.